Боом фестивал е биенален фестивал што се случува секој две години во Португалија. Фестивалот се содржи од музика, ликовна уметност, скулптури, видео арт инсталации, кино, театар и концепт на преплетувања од различни уметнички форми. Првиот Боом Фестивал се случи во 1997 со големо влијание на електронската музика но денеска Боом е мултидисциплинарен настан.
Еден од главните приципи на Боом фестивалот е тој да биде мулти-културен настан. Боом поседува голема амбасадорска листа низ целот свет и привлекува луѓе од сите континенти. Тоа предизвикува контакт помеѓу луѓето од различни култури и поттик за отфрлање на различните интер-етнички стереотипи.
БЕСПЛАТНИ ВЛЕЗНИЦИ
Традиционално Боом Фестивал, нуди бесплатни влезници на една од неколкуте земји со слаба економија. Оваа година беше избрана нашата држава, Република Македонија.
Боом 2008 нуди уникатна можност, секој македонски граѓанин со валиден македонски пасош и валиден доказ дека патува од Македонија, да добие бесплатна влезница.
Сите Македонци што ќе одат на Боом потребно е да остават лични податоци кој ќе се пренесат кај организаторите. Потребни информации што треба да се остават се: име и презиме, број на пасош, информација за начинот на патување.
Оваа можност не важи за Македонците што живеат или работат надвор од Македонија!
ВИЗА
Виза за Португалија кај нас се вади во Француска амбасада.
Потребни документи:
- валиден пасош три месеци плус од датата на напуштање на шенген државата
- една фотографија на бела позадина со димензии 3,5 х 4,5
- потврда од работа за висина на приходите
* за студенти, ученици – потврда од факултет/училиште за редовен студент/ученик и индекс/книшка
- гарантно писмо
- авионска резервација
- доказ за поседување финансии
- патничко осигурување
- цената на визата е 2.134 се плаќа во денари при поднесување на документите
* сите документи треба да бидат однесени во оригинал плус фотокопија.
БООМ БУС
Boom Bus е специјален сервис што ги пренесува Боомерите од главните аеродроми околу Боом директно до локацијата на фестивалот. Нема стрес, само забава и комфорт. Сите автобуси ќе се обраќаат директно од местото на тргнување до Боом Автобуската Станица лоцирана внатре во Боом Фестивалот.
Автобусите ќе поаѓаат од следните локации:
КОНТАКТ
Сите информации околу добивање гарантно писмо, оставање лични податоци и резервација за Боом Бус можете да добиете на тел: 070 332727 , (лице за контакт Никола) mail: boom_pablo@yahoo.com или во Кафе Пабло.